spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Поевтино зонското паркирање

Град Скопје: Поевтино зонското паркирање

Советниците на вчерашната 5-та седница ја разгледаа информацијата за состојбите во ЈП Градски паркинг Скопје, и дадоа согласност на Одлуката за измени и дополнување на ценовникот на услугите што ги извршува ова претпријатие.

На седница на Управниот одбор на претпријатието претходно беше донесена одлука за намалување на цените во зоните на паркирање во градот, што денеска беше изгласана од советниците на Град Скопје.

Со оваа Одлука за измена на Ценовникот на услуги на јавното претпријатие Градски паркинг, намалувањето се однесува на паркирање за еден час во зоните и тоа зона А0 паркирањето од 100 денари, се намалува на 75 денари, во зона А од 50 денари, се намалува на 40 денари, во зона Б од 40 се намалува на 30 денари, во зона Ц и Д, се намалува на 25 денари.

Ваквата одлука за намалување на цената на паркирањето во Скопје ќе се применува од 01.03.2022 година.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Мицкоски: Унгарија е наш стратешки сојузник, продолжува економската соработка помеѓу двете...

0
Почитувани претставници на медиумите, Почитувани граѓани, Драги пријатели, Денес имам чест да го поздравам мојот колега, премиерот Виктор Орбан, кој заедно со својата делегација е во дводневна...