Како ново-избран градоначалник, се обврзав пред Вас дека општина Илинден ќе биде сервис на граѓаните и дека секогаш ќе биде во функција на континуирано креирање услови за одржлив развој на локалната заедница, како и создавање на услови за поквалитетно живеење на своите жители. За мене одговорното, транспарентно и отчетно работење е принцип на функционирање што претставува неминовен предуслов за успешно остварување на локалните политики, како и одлична можност за Ваше директно запознавање со сработеното од страна на локалната власт.
Иако наследивме исклучително тешка финансиска состојба со долг од над 4.000.000 милиони евра.
Сепак ,Општина Илинден започна енергична и исклучително активна општинска политика, секогаш имајќи ги предвид потребите на граѓаните за подобар и поквалитетен живот.
Во првите 100 дена раководење со Општината, спроведовме низа мерки, активности и проекти кои значат директен бенефит за жителите на Општина Илинден.
Во тек се проекти од исклучителна важност како:
- Изградба на фекална канализација во локалитет „Јака“ во вредност од речиси 20 милиони денари со кој се опфаќаат околу 500 домаќинства,
- Изградба на колекторски систем во должина од 700 метри во н.м Миладиновци кон кој ќе бидат приклучени околу 100 домаќинства на фекална канализација.
- Изградба на колекторски систем за фекална канализација за населените места Илинден и Марино во вредност од речиси 46 милиони денари,
- Изградба на систем за зафаќање, третман и одведување на отпадни фекални води во н.м Кадино во соработка со агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој (АФПЗРР), во вредност од 22 милиони денари,
- Воспоставување на гасификацски систем, воведување на гасификација на стопанските објекти, примарна гасоводна линија од локалната економска зона Марино-Кадино до локалната економска зона Ограѓа во н.Илинден во должина од 3600 метри
- Во рамки на проектот Редовно чистење и одржување на каналската мрежа и речни корита во кординација со Водостопанство Скопско поле –Скопје, исчистени се над 13.000 метри канали со цел заштита на имотите на граѓаните од поплави во сите населени места,
- На повеќе локации во Општина Илинден извршено е поставување на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација со цел подобрување на безбедноста на учесниците во сообраќајот,
- Исчистени се 5 (пет) диви депонии на територија на Општина Илинден во соработка со ЈКП Илинден и со општествено одговорни компании.
- Се реконструира коловоз на локален пат улица 532 на потегот Марино-Кадино со поддршка од страна на Светска Банка, проект во износ од 38 милиони денари,
- За подобра комуникација со централното градско подрачје во вечерните часови и по барање на жителите е воведена ноќна автобуска линија во Општина Илинден во соработка со ЈСП Скопје,
- За прв пат се воведува еднократна парична помош од 5.000 ден. за секое новороденче во Општина Илинден, почнувајќи од 01.01.2022,
- Во рамки на проектот „Светла Општина Илинден” во јавното осветлување низ цела територија на општината досега се променити над 300 сијалици и заменети со ЛЕД светилки,како и поставени се нови 15 столбови со ЛЕД светилки
- Извршена редовна есенска дератизација за уништување на глодарите и дезинфекција на јавните објекти на територија на Општината Илинден.
Силно вложуваме и во образованието и училиштата преку низа активности кои ќе го подобрат секојдневието на нашите ученици, како опремување на кабинетите со соодветен инвентар, уредување на школските дворови, замена на старата компјутерска инсталација со нова, донирање електронски уреди-таблети за реализација на наставната програма по Новата концепција за четврто одделение, санирање на системите за греење, подобрување на осветлувањето во училниците и ходниците.
Исклучително значаен проект за нас е воведувањето на целодневната настава за прво одделение од наредната учебна година и отварање на ресурсен центар односно сензорна соба со изградбата на новото основно училиште во Илинден, бидејќи се грижиме за подобрување на условите за образование на секое дете.
Дополнително на тоа, во овој период Изработени се и доставени низа апликации до различни институции и донатори, од типот на:
- Апликација до Министерство за образование и наука за изградба на училишна спортска сала во населба Илинден
- Апликација до Министерство за труд и социјална политика за проширување на просторни капацитети на постоечката детска градинка Гоце Делчев во н.Илинден.
- Апликација до Јапонската амбасада во Република Македонија за промена на кровната конструкција на Основното општинско училиште Ристо Крле во Кадино.
- Апликација по Јавен повик за финансирање на проекти за изградба, проширување, реконструкција и адаптација на капацитетите за дневно згрижување и капацитети за давање на социјална услуга, до Министерството за труд и социјална политика со цел унапредување и развој на социјалните услуги на локално ниво и подобрување на квалитетот и пристапот на услугите согласно потребите на граѓаните во социјален ризик и социјална исклученост.
Би сакал да напоменам и дека Општина Илинден во изминатиот период потпиша и низа Меморандуми во областа на обраованието, животната средина и социјалата. Имено, на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Општина Илинден потпиша Меморандум за соработка со хуманитарното здружение на граѓани и лица со хендикеп „Илинден” како и со здружението на граѓани за едукација, инклузија и ран третман на лица со посебни потреби „Боиме сино” од Општина Илинден.
- Потоа, потпишавме меморандуми помеѓу Општина Илинден и компаниите од ТИРЗ Макдиа и Аспектус за соработка во областа на образованието, како една од најзначајните области за развој, подобрување на квалитетот и ефикасноста на стручното образование.Со кој оваа иновативна и кооперативна компанија ќе обезбеди практична настава и обука во сопствените капацитети за учениците од средното општинско стручно училиште „Илинден“.
- Ќе соработуваме и со Здружението за заштита и унапредување на животната средина и промовирање на концептот на одржлив развој – Еко Логик, со цел имплементирање на проектот „Вело Училишта” наменет за учениците од основните училишта на територија на општина Илинден.
- Отворивме канцеларија на хуманитарната организација Црвен крст, со цел хуманитарните услуги да бидат поблиску до граѓаните, како и намалување на човечкото страдање и градење на силни механизми за намалување на последиците од хуманитарните предизвици.
- Преку Проектот „Зелена општина Илинден” – засадивме листопадни високорастечки садници на повеќе локации,во соработка со општествено одговорни компании од бизнис секторот, а целта е да се придонесе за подобрувањето на квалитетот на воздухот, унапредувањето на животната средина, како и подобрување на условите за живеење и квалитетот на живот во локалната заедница.
Во периодот што следува ќе се фокусираме да ги завршиме веќе отпочнатите проекти кои ги напоменав, но и ќе се посветиме на реализирање нови, со цел модернизација на Општината и подобрување на условите за живот. Тимот на Општина Илинден посветено работи на реализирање на проектите кои следуваат, како што се:
- Реконструкција на патната инфраструктура во општината .
Подготовка на проекти за комплетна реконструкција на патен правец Миладиновци- Бујковци и улица 8 во н.м Илинден,како и проектна документација за кружен тек на улица 8 и улица 9 во н.м Илинден - Подобрување на безбедноста во сообраќајот со изградба на нови пешачки патеки и поставуваање на вертикална и хоризонтална сигнализација
- Изградба на нови детски игралишта и паркови
- Подготвување на апликација до животна средина за добивање на средства за решавање на проблемот со фекална канализацијата во н.м Мралино
- Изградба на нова пречистителна станица во н.Илинден,
- Ќе изработиме проект за фекална канализација на влезот во општина Илинден односно во месноста ПЛАЦ
- Нови линии за фекална канализација во Илинден,Марино,Кадино,Миладиновци
- Модернизирање и реконструкција на водоводните линии
- Чистење на речното корито на Сува река во потегот на Дељадровци-Текија- Миладиновци
- Поставување на нови линии за улично осветлување
Бучинци,Бунарџик и Ајватовци - Поставување на нови автобуски постојки
Во месноста Пуста Кула и н.м Мршевци - Реконструкција на основните училишта
Целосно опремување на новото основно училиште
Изградба на партерно уредување околу училиштето - Формирање Локален младински совет кој ќе претставува новитет во функционирањето на младите и креирањето политики на локални ниво како и креирање на локален совет за превенција на детско престапништво
- Продолжување на процесот на легализација на дивоградби ,за овие 100 дена завршени 124 предмети
- Стратегија за енергетска ефикасност, како и
- Креирање нова и инвентивна стратегија во секторот за Локален економски развој со поддршка на УСАИД како и многу други значајни проекти за жителите на општината.
Почитувани, Општина Илинден и нејзините жители заслужуваат многу повеќе. Затоа, како Градоначалник ветувам максимално вложување и ангажман со цел реализација на нашите заеднички приоритети за кои очекувам подршка од сите општествени чинители.
Ова е голем предизвик, но Ве уверувам дека со голема посветеност и многу работа ќе успееме во нашата цел.
Благодарам.
Извор: Општина Илинден