Исчистени се две диви депонии во н.м. Миладиновци, на потегот од Миладиновци кон Текија, како и покрај железничката пруга во Миладиновци.
Во рамки на акцијата за чистење на диви депонии која беше спроведена во соработка со екипите од ЈКП „Илинден” и инспекциската служба од Општина Илинден собрани се околу 70м3 мешан комунален отпад, градежен шут и слично.
Во наредниот период, Општина Илинден ќе продолжи со акции за чистење на диви депонии, со што значително ќе се придонесе за намалување на аерозагадувањето, како и подобрување на животната средина.
Општина Илинден апелира до сите граѓани да го почитуваат Законот за јавна чистота, да не го оставаат ѓубрето на недозволени места и со своето однесување и еколошка свест да придонесат за поздрава и почиста животна средина.