spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: ООУ „Гоце Делчев“ во посета на Институтот за македонски јазик -...

Илинден: ООУ „Гоце Делчев“ во посета на Институтот за македонски јазик – Меѓународен ден на мајчиниот јазик

По повод 21 Февруари -Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, на покана од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од Скопје, група ученици од ООУ„Гоце Делчев“ – н. Илинден, присуствуваа на манифестацијата приготвена по овој повод.

Освен ООУ„Гоце Делчев“ од н. Илинден, на манифестацијата беа поканети училиштата што го носат името на великанот Гоце Делчев, од Скопје и неговата околина.

Учениците читаа лични творби по повод овој ден, a имаа можност да ја посетат и спомен собата на Крсте Петков Мисирков, која се наоѓа во рамки на Институтот, во која проследија пригодно предавање.

Покрај претставување на учениците во Институтот, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик со пригодна активност се одбележа и во просториите на ООУ„Гоце Делчев“ – н. Илинден.

 

 

 

 

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте