Град Скопје и екипи на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ ги обновија оштетените клупи во првиот дел на Градски парк околу езерцето. Дел од овие клупи пред неколку недели од непознати сторители беа оштетени, откорнати и фрлени во езерцето.
Упатуваме апел до сите корисници на паркот да не фрлаат отпадоци на зелените површини и да не ја оштетуваат поставената урбана опрема што е поставена, бидејќи со нивното уништување се нанесува голема материјална штета.
Извор: Град Скопје