Приоритет во работењето на општина Илинден во областа на патната инфраструктура е превенцијата во сообраќајот, односно зголемувањето на безбедноста на учесниците во сообраќајот, особено на најзагрозената категорија – пешаците и велосипедистите.
Во таа насока деновиве на повеќе локации во Општината е извршено подобрување на вертикална сообраќајна сигнализација, при што се поставени повеќе од триесеттина сообраќајни знаци.
Добрата патна инфраструктура, соодветната хоризонтална и вертикална сигнализација, но и почитувањето на сообраќајните правила и прописи се главен услов за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.
Затоа, општина Илинден и во иднина ќе продолжи со инвестициите во оваа област, односно со поставување на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација на сообраќајниците во сите населени места. Истовремено, се упатува апел до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, зашто последиците од нивното непочитување можат да бидат причина за сообраќајни несреќи со трагични последици.