spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКавадарци: Избор на спортист за 2021 година

Кавадарци: Избор на спортист за 2021 година

Во Домот на културата ,,Иван Мазов Климе” се одржа манифестацијата – Избор на спортист за 2021 година во присуство на претседателот на сојузот на спортови, претседатели и претставници на спортските клубови од Општина Кавадарци, сите спортисти,тренери,пријатели на спорот, вљубеници и помагатели.

Кавадарци од секогаш бил спортски град, меѓутоа изминатите години, лично јас, но и како градоначалник се трудам да помогнам во подобрување на условите буквално во секој еден спорт кој успешно се развива и континуирано расте во нашиот град.

Резултатите кажуваат за тоа, сите успеси кои што ги доживеавме го потврдија нашиот дух, борбениот и спортски дух на тиквешијата и Кавадарци. Јас се додека сум на оваа позиција ќе се трудам максимално да вложувам и да се залагам за сите ние да продолжиме да бидеме горди на нашите деца, нашите сограѓани. Бидејќи спортот е многу важна алатка во психофизичкиот развој на децата а воопшто и за сите.

Честитки и благодарност на сите категории на спортисти, за нивните тренери, за нивниот придонес и заложби за освоени благодарници,медали за сите таленти јуниори и сениори.

 

 

 

 

Извор: Општина Кавадарци 

Прочитајте

МЕП: Средба на министерот Муртезани и заменик-министерката Трајков со со романската...

0
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани заедно со заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков одржаа средба со амбасадорката на Романија во Северна Македонија, Адела...