spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕП: Средба на министерот Муртезани со новименуваниот евроамбасадор Рокас

МЕП: Средба на министерот Муртезани со новименуваниот евроамбасадор Рокас

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, ја оствари првата работна средба со новоименуваниот шеф на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, амбасадорот Михалис Рокас, на која беа разменети мислења за динамизирање на процесот на пристапување на земјата во ЕУ и стратешкото значење на новите иницијативи на ЕУ за Западен Балкан.

Посакувајќи му добредојде и успех во новите работни ангажмани на евроамбасадорот, Муртезани се заблагодари за европската поддршка и тесната соработка со Брисел преку нивната Делегација во земјата. Тој го потенцираше клучното значење на неодамна усвоениот План за раст за Западен Балкан и Инструментот за реформи и раст, како и потребата од подобрување во искористувањето на Инструментот за претпристапна помош (ИПА). Министерот нагласи дека тие претставуваат важни двигатели на реформите во Северна Македонија во областа на владеењето на правото, доброто управување и економскиот развој; механизми дизајнирани за зајакнување на институционалните капацитети и усогласување на Северна Македонија со стандардите на Европската Унија.

Министерот Муртезани ја реафирмираше посветеноста на Северна Македонија кон евроинтегративниот процес и за спроведување на потребните реформи кои земјата треба да ја подготват за полноправно членство во Унијата. Тој истакна дека Инструментот за реформи и раст, преку договорената Реформска агенда 2024-2027 вредна преку 750 милиони евра, нуди насочена поддршка за земјата и напредок во клучните реформи, вклучувајќи го и зајакнувањето на економската конкурентност и иновациите. Амбасадорот Рокас ги поздрави сеопфатните реформски напори на Северна Македонија и ја потврди стратешката посветеност на ЕУ кон земјите од Западен Балкан.

Муртезани и Рокас дискутираа и за забрзување на реформите во области како владеењето на правото, реформата на правосудството и економското управување и потребата од продолжување на работата на Патоказите за владеење на правото и Реформа на јавната администрација, како предуслови за отворање на Кластерот Фундаменти/Темели, покрај политичкиот предуслов за промена на Уставот. Двете страни ја нагласија важноста од остварување видлив напредок во клучните реформски области за да се обезбеди успешно европско интегрирање. Тие изразија заедничка подготвеност за динамизирање на соработката меѓу Министерството за европски прашања и Делегацијата на ЕУ, во функција на заложбата за остварување на заедничките стратешки цели.

Извор: Министерство за европски прашања

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...