HomeМинистерстваМЕП: Средба на министерот Муртезани и заменик-министерката Трајков со со романската амбасадорка...

МЕП: Средба на министерот Муртезани и заменик-министерката Трајков со со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

spot_img
spot_img

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани заедно со заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков одржаа средба со амбасадорката на Романија во Северна Македонија, Адела Моника Аксинте. Во фокусот на разговорите беа билатералните односи, постојаната поддршка на Романија за европската интеграција на Северна Македонија, Реформската агенда во контекст на Планот за раст на Европската Комисија за Западен Балкан и други актуелни случувања.

Министерот Муртезани се заблагодари на амбасадорката Аксинте за конзистентната романска поддршка за нашиот евроинтегративен процес и за гласната поддршка на политиката на проширување со ЕУ, како со земјите од Западниот Балкан, така и со земјите од Источното партнерство.

На средбата, соговорниците изразија подготвеност за продлабочување на соработката со Романија во спроведувањето на реформите преку споделување на искуства во процесот на преговори.

Извор: Министерство за европски прашања

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија