Во рамките на неколкудневната посета на Израел, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити имаше одлична работна средба со неговиот израелски колега, министерот за комуникации Јоаз Хендел.
„Се договоривме да ја подигнеме на сосема ново ниво соработката и размената на добри искуства во областа на телекомуникацијата и дигитализацијата на јавните услуги меѓу Израел и Република Северна Македонија“, истакна министерот Алити.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација