spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Работна средба на министерот за правда, д-р Никола Тупанчески со претседателката...

МП: Работна средба на министерот за правда, д-р Никола Тупанчески со претседателката на Судскиот совет

Министерот за правда, д-р Никола Тупанчески оствари работна средба со претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

Во своите активности од областа на Правосудството, министерот истакна дека Министерството за правда продолжува со заложбите за подобрување на генералната слика на правосудниот систем преку преземање на конкретни чекори за обезбедување независно, квалитетно судство кое одговара на европските стандарди. Во таа насока, беше потенцирано дека еден од најважните приоритети за претстојниот период е подобрување на материјална положба преку донесување на нов Закон за плати во правосудниот систем.

Соговорниците исто така се сложија дека е потребно да се вложат поголеми напори околу имплементацијата наподзаконските акти и активностите предвидени во Стратегијата за човечки ресурси за судската мрежа.

 

 

 

Извор: Министерство за правда 

 

Прочитајте