spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Средба со евроамбасадорот Гир

МЖСПП: Средба со евроамбасадорот Гир

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари средба со евроамбасадорот Дејвид Гир. На средбата се разговараше за развојот и имплементацијата на политики во секторот за животна средина во Северна Македонија, вклучително и напредокот во усогласувањето на националнато законодавство во областа животна средина со европското.

Со оглед дека животната средина го добива заслужениот примат особено во пост- ковид периодот, Нуредини и Гир разговараа и за можностите за инвестирање предвидени во Програмата за економски реформи, но и за расположивите капацитетите за спроведување на можните проекти.

Посебен акцент се стави на реализацијата на тековните и идните проекти во финансирани во рамките на ИПА Програмата .

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте