spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕВласта да го прифати пакетот мерки на ВМРО-ДПМНЕ за да го ублажи...

Власта да го прифати пакетот мерки на ВМРО-ДПМНЕ за да го ублажи ценовниот шок и да се подобри животниот стандард на граѓаните

Во врска со инфлацијата, бидејќи ние сме увозно зависна земја и најголем дел од производите ги увезуваме, реалноста е дека цените ќе растат. Но дали може државата нешто да направи секако дека да. Ние од ВМРО-ДПМНЕ предложивме државата да се откаже до крај на 2022 година од ДДВ-то на основните прехранбени продукти кои им се важни на граѓаните, изјави потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Кочоска Димитриеска за „Тема на денот“ во дневникот на Сител телевизија.

Таа истакна дека ако власта го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, на тој начин ќе се ублажи ценовниот шок и притоа ќе им даде подобар животен стандард на граѓаните, особено на најранливите категории и тие со најниски примања.

– Граѓаните најголем дел од парите ги користат за да се прехранат, а знаеме колку пораснаа цените, затоа ова ќе им значи многу.  Во исто време во пакетот мерки кој го предложивме бараме ослободување од плаќање на данок на топлинската енергија, намалување на акцизите. Со намалување на акцизите се намалуваат цените на производите или се ублажува растот, потенцираше Димитриеска Кочоска.

Таа посочи и дека во пакетот мерки на ВМРО-ДПМНЕ се бара ДДВ-то на електричната енергија до крај на годината да остане на исто ниво на 5%, за да може граѓаните и таму да заштедат, но и владата и Електрани на Македонија не работат како што треба.

– Каква ќе биде ссотојбата со електричната енергија зависи од Владата и Електрани. Ако се работи како што треба тие и сега ќе произведуваат електрична енергија повеќе од она што треба. ЕСМ досега требаше да биде во состојба да бидат спремни да произведат повеќе и остатокот да се понуди на слободниот пазар и така ќе можевме да добиеме поевтина цена на електричната енергија, истакна Димитриеска Кочоска.

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ 

Прочитајте

МЖСП: Меџити – Поддршка од ЕУ за почист воздух, предадовме шест...

0
Првиот заменик претедател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање учествуваше на свечената церемонија на примопредавање на шест нови еколошки автобуси на компримиран...