Коалиција на младински организации СЕГА организира обука на тема: „Застапување и лобирање во областа на антикорупцијата“ во периодот од 24.03.2022 до 27.03.2022 во Струга во рамки на проектот „МЛАДИ ПРОТИВ КОРУПЦИЈА“.
Цел на обуката е да се поттикнат младите да станат агенти на промени во однос на препознавање, известување и справување со корупцијата. Преку обуката, младите ќе ги зајакнат своите знаења и вештини кои не се поврзани само со застапувањето и корупцијата, туку и како да развиваат и имплементираат локални кампањи за застапување.
Обучените 20 млади агенти за борба против корупцијата, после завршувањето на обуката во Струга, ќе бидат лидери на иницијативи и кампањи за борба против корупцијата во своите општини.
Краен рок за доставување на апликациите е 16 март 2022 година.
- линк до отворениот повик;
- линк до објавата од Коалиција СЕГА (доколку сакате само да го споделите повикот).
Извор: Агенција за млади и спорт