spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Декларацијата за унапредување на положбата на женското претприемништво

Град Скопје: Декларацијата за унапредување на положбата на женското претприемништво

Вчера во Градот Скопје се одржа панел дискусија за подобрување и унапредување на правата на жените, на која беше потпишана Декларацијата за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво.

 

На панел дискусијата учествуваа претставници на јавните препријатија од Градот Скопје, жени на раководни позиции од градската администрација, претставници од средните училишта, како и претставници на граѓански здруженија.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска порача дека важно е обезбедување системска поддршка која ќе гарантира економска сигурност и финансиска независност, како и фер третман за овозможување кариерен напредок на жените.

На панел дискусијата градоначалничката Арсовска во рамки на Националната платформа за женско претприемништо, ја потпиша Декларацијата за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво, која како една од целите ќе го потикнува креирањето на политиките во реформскиот процес за поголемо учество на жените во процесот на одлучување и креирање на политики на локално и национално ниво.

-Жените се и секогаш биле двигател на промените во општеството, затоа мора да работиме на креирање политики кои ќе овозможат економско јакнење на жените, да ги промовираме успешните примери и да придонесеме за нови успеси. Системски да се воспостави механизам за поддршка, да се зголеми учеството на жените во процесот на носење на одлуки, да се подигне свесноста за потенцијалот, затоа што на тој начин го обезбедуваме личниот и колективниот развој во општеството, за сите сегашни и идни генерации, истакна градоначалничката Арсовска.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје

Прочитајте

Велес: Награди за најдобрите ученици од основните и средните училишта

0
Општина Велес ги награди најдобрите ученици од основните и средните училишта во градот. За освоено прво, второ и трето место на државни, меѓународни и...