spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиНАЕОП: Европска година на млади – 2022

НАЕОП: Европска година на млади – 2022

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ве известува дека Европската комисија ја прогласи 2022 година за Европска година на младите.

За таа цел, ве информираме дека Европската комисија создаде посебен оддел на Eвропскиот младински портал (https://europa.eu/youth/year-of-youth_en) и тој ќе биде главен канал на комуникација на ниво на ЕУ. Во моментов вклучува мапа на активности, но и дел за младинска политика, вести и приказни за тоа како сакаме младите бидат вклучени во иднина.

Ви препорачуваме сите Ваши настани во 2022 година поврзани со младите да ги прикачувате на официјалната веб-страница, со цел нивната видливост да добие европска димензија. Достапно е копче на порталот, каде корисниците можат сами да ги прикачуваат нивните настани и активности поврзани со младите. Националните агенции ќе дејствуваат како валидатор на овие активности и откако ќе бидат потврдени тие ќе се појават на порталот и обележани на мапата со активности. Ве охрабруваме да прикачувате, промовирате и да се инспирирате од младинските активности.

Официјалното лого и материјалите се достапни на линкот: https://drive.google.com/drive/folders/1kykgj0ePFUuvsELGt-v3k5hP2eMEhCKu?usp=sharing

Имаме и официјален хаштаг #EuropeanYearOfYouth кој ве охрабруваме да го користите. Со нетрпение очекуваме да ја видиме Република Северна Македонија на европската мапа исполнета со активности за млади кои ќе бидат претставени низ ЕУ и пошироко и сметам на вас, да ни помогнете да развиеме силна младинска мрежа и со тоа да ги инспирираме новите генерации европејци.

За било какви прашања, поврзани со европската иницијатива, контактирајте нè на godinanamladi@na.org.mk

Со почит,

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Ресурси:

Европски младински портал – официјална веб-страница за Европска година на млади: https://europa.eu/youth/year-of-youth_en

Визуелни материјали: https://drive.google.com/drive/folders/1kykgj0ePFUuvsELGt-v3k5hP2eMEhCKu?usp=sharing

 

Упатство за додавање на активности

КАКО ДА ПРИЈАВИТЕ НАСТАН

 

 

 

Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност 

Прочитајте