Почитувани,
Во рамки на проектот Мрежа Фискаст: “Подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки“, на кој е вклучена и Општина Кратово, се формира работна група од претставници на сите релевантни локални чинители (непрофитни организации, бизниси, јавни установи, активисти итн) кои во соработка со претставниците на општинската администрација треба да го подобрат дијалогот во насока на зголемување на транспарентноста. Како поддршка на овој процес е ангажирано стручно лице кое меѓудругото ќе изработи Протокол за соработка кое бесплатно ќе биде достапен за секој заинтересиран.
Ги покануваме сите заинтересирани на двочасовна работна средба на 15.03.2022 година (вторник) со почеток во 13:30 часот во Хотел Кратис, на која ќе се запознаеме со целите на проектот, воспоставените пракси на информирање и мониторирање и можностите за подобрување. Во прилог ја доставуваме агендата за настанот.
Проектот е финансиран од Европската Унија, а го спроведуваат Агора, Фајнанс Тинк, Квантум Прима и ЛАГ Агролидер.
За потврда на учеството или за повеќе информации испратете порака на aleksandar@agora.org.mk
Извор: Општина Кратово