Народните пари мора домаќински и одговорно да се трошат.
Еден од нашите приоритети за модерна општина е секако зачувувањето на чиста животната средина и редовното одржување на комуналната хигиена во градот.
Нашето јавно комунално претпријатие ЈП„Плаваја“ набави ново специјално возило за подигање на смет со што ја подобруваме услугата за собирање на сметот во нашата општина.
Се надеваме дека со тоа уште повеќе ќе ја зголемиме јавната свест за важноста на екологијата и незагадувањето.
Извор: Општина Радовиш