spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Ќе се реши сообраќајниот хаос во Автокоманда

Гази Баба: Ќе се реши сообраќајниот хаос во Автокоманда

Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со директорот на Јавното претпријатие Градски паркинг, Бојан Христовски, направија увид низ населбата Автокоманда со цел изнаоѓање на решение за регулирање на сообраќајот во мирување и конечно решавање на сообраќајниот хаос со кој се соочуваат ѓраѓаните секојдневно.

По обиколката која ја направија, одлучија дека е потребно итно изнаоѓање на решение, за што во најкраток рок службите од општина Гази Баба заедно со стручни лица од јавното претпријатие ќе оддржат состанок на кој ќе излезат со предлог сообраќајно решение.

Истовремено, општина Гази Баба во соработка со урбаната заедница Автокоманда ќе организира да се спроведе анкетирање на граѓаните кои живеат во овој реон со цел наоѓање на заедничко решение со кое ќе се воведе ред за сообраќајот во мирување.

 

 

 

 

 

 

Извор: Општина Гази Баба 

Прочитајте