spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Екипите на Водовод со повеќе интервенции на терен

Град Скопје: Екипите на Водовод со повеќе интервенции на терен

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“  во текот на изминатата недела, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани,  покрај тоа што ги извршуваа редовните теренски проверки и работни активности, интервенираа и  на неколку локации во градот.

Секторот  Водовод на ова јавно претпријатие отстрануваше  дефекти на следните локации: улица Ресенска 10, улица Овчеполска 101, во Сарај  на улица  4 бб, улица Војдан Чернодрински 25, улица  Скупи кај Хубо, улица Видое Смилевски Бато 41/67, улица  Македонско-косовска бригада 42/17, улица  2 бб Студеничани, во Кондово улица 1 бб, улица Божин Николов 37 и улица Кумбара 32.

ЈП „Водовод и канализација“ продолжува посветено да работи на одржување на водоводната и канализационата мрежа во град Скопје, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте