spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Продолжуваат активностите на изградба на тротоари и вело патеки на...

Град Скопје: Продолжуваат активностите на изградба на тротоари и вело патеки на булевар Србија

Екипите на ЈП „Улици и патишта“  деновиве на булеварот Србија асфалтираа дел од пешачката и велосипедска патека, односно 600 квадратни метри, површина што беше подготвена со тампон слојот и вградени рабници. За асфалтирање на овој дел од патеката се употребени околу 100 тони асфалтна маса.

Изградбата на велосипедската и пешачката патека е во насока од булеварот Февруарски поход кон булеварот АСНОМ со вкупна површина од 3.400 квадратни метри.

Екипите во текот на  наредните денови продолжуваат со следната фаза,  ископ на земјен материјал и подготовка на површината за асфалтирање, а по завршувањето на асфалтирањето ЈП „Паркови и зеленило“ ќе го уредат страничниот и средишниот  дел со нова зелена површина.

На асфалтирањето присуствуваше и директорот на ЈП „Улици и   патишта“, Борис Настов, кој изврши увид во текот на  градежните работи на терен.

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Охрид: Монодрамата „Љуба“ од Лилјана Стоилковска

0
Во големата сала на Општина Охрид гостуваше Лилјана Стоилковска со перформансот на монодрамата „Љуба“ на позната македонска писателка Ката Мисиркова – Руменова. Сценариото и режијата...