Во Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ) започна обуката на првите две групи преведувачи и лектори на jавната администрација на Република Северна Македонија (РСМ).
Во овој втор циклус по ред учествуваат околу деведесет службеници од различни институции, поделени во шест групи.
Обуката ја отвори директорот на АПЈ, Илбер Села, кој побара од службениците да обрнат внимание и да се обидат да извлечат што поголема корист од обуката.
Први предавачи се Џеват Лоши кој го има подготвено модулот за стилистика адаптиран според потребите на јавната администрација и Рами Мемушај кој го подготви модулот за семантика, исто така, адаптиран според потребите на јавната администрација.
Извор: Агенција за примена на Јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните