spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: „Култура на интегритет – Пат до успех во борбата против корупцијата“

ДКСК: „Култура на интегритет – Пат до успех во борбата против корупцијата“

На 17.03.2022 година, во организација на Државната комисија за спречување на корупцијата, во просториите на Владата на Република Северна Македонија, се одржа тркалезната маса на тема „Култура на интегритет – Пат до успех во борбата против корупцијата“.

На настанот, кој е дел од проектот „Промовирање на транспарентност и одговорност во јавната администрација на Северна Македонија“, покрај претседателот и членовите на ДКСК, со свои обраќања учествуваа и  претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, заменик-претседателот во Владата задолжен за политики за добро владеење Славица Грковска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за правда Никола Тупанчески, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, директорот на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, заменик шефот на Делегацијата на ЕУ во нашата земја Јулијан Васало и други претставници на владините институции.

Државната комисија за спречување на корупцијата, преку овој настан истакна заложбите на сите институции во насока на целосно воведување на системот на интегритет, правилна имплементација на Законот за заштита на укажувачите и успешно исполнување на препораките од ГРЕКО, во насока на откривање и управување со судирот на интересите на претставниците на извршната власт.

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска ги потсети присутните и подвлече дека крајната цел на тркалезната маса е поставување на воедначена линија по која ќе се движат сите институции, насока која ќе ја препознаат сите и отчетност која ќе не донесе на поинкаво ниво на соработка. Со тоа, упати порака дека сите заложби на ДКСК, треба да бидат заеднички мотиви за успех, и секој прв човек на својата инстуција треба да направи се во своја моќ за да ги достигне и следи.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски преку своето обраќање ја истакна важноста на препознвањето, спречувањето и казнувањето на сите форми на корупција во институциите и воопшто во општеството.

Заменик шефот на Делегацијата на ЕУ, Јулијан Васало ја потенцираше важноста на интегритетот на институциите, со порака до сите присутни дека сите како единки во институциите, политичките партии, медиумите или другите гранки на општеството, сме еднакво важни за придонесот кон владеењето на правото, преку сопствената посветеност и професионалност, отпорноста на притисоци.

Заменик-претседателот во Владата задолжен за политики за добро владеење Славица Грковска ја истакна важноста на одговорно, инклузивно и транспарентно носење одлуки на сите нивоа, заради постигнување на единство во бескомпромисната борба против корупцијата и криминалот на сите нивоа, при што ги повика сите институции да соработуваат со Државната комисија за спречување на корупцијата и со Владата.

На тркалезната маса беше заклучено дека борбата против корупцијата е процес за којшто е потребно единство, соработка и придонес од сите чинители. Во таа насока, од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата беше нагласена потребата од зајакнување и подобрена  координацијата меѓу надлежните институции, министерствата и независните институции, како и невладиниот и приватниот сектор.

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата 

Прочитајте

МЗШВ: Трипуновски – МЗШВ не постапило согласно законските одредби, со што...

0
Почитувани медиуми, Од денес повеќе нема ништо да биде исто. Започнуваме со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство на Министерството за...