spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Градоначалникот Георгиевски ја посети компанијата „Аптив“ во ТИРЗ 1

Илинден: Градоначалникот Георгиевски ја посети компанијата „Аптив“ во ТИРЗ 1

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски вчера ја посети една од најголемите компании во Европа за автомобилски делови „Аптив”, каде оствари средба со генералниот менаџер на компанијата Аптив во Македонија, Пиетро Стерпоне. Компанијата „Аптив“ е лоцирана во Технолошката индустриска развојна зона Скопје 1 и во истата се вработени повеќе од 500 лица.

На средбата разговаравме за постоечката воена криза во Украина пришто изразивме длабоко жалење и за ситуацијата во која се наоѓа оваа компанија, која работи како странски инвеститор таму и има 4 фабрики. Искрено се надеваме на брзо и мирно решавање на кризата, и безбедно продолжување со работа на оваа компанија во Украина. Исто така, се понудивме, како Општина Илинден дека стоиме на располагање како потенцијална локација за изградба на нови производствени капацитети и проширување на постоечките, изјави градоначалникот Георгиевски.

Како Општина целосно сме фокусирани на создавање на најдобри можни услови за странските инвеститори, во соработка со централната власт. Тие вклучуваат градежно земјиште без трошоци и подготвено за инвестиции со солидна инфраструктура, поволна средина за даноци и локални комунални такси, брзи и транспарентни административни услуги, достапна квалификувана работна сила и политичка и економска стабилност, меѓу другите фактори.

 

 

 

 

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте

МЕП: Средба на министерот Муртезани со новименуваниот евроамбасадор Рокас

0
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, ја оствари првата работна средба со новоименуваниот шеф на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, амбасадорот...