spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Интензивно се гради колекторскиот систем за фекална канализација Илинден-Марино

Илинден: Интензивно се гради колекторскиот систем за фекална канализација Илинден-Марино

Општина Илинден интензивно работи на реализација на капиталниот проект за изградба на колекторски систем во должина од 5000 метри, покрај Главниот отворен канал, којшто минува низ населените места Илинден и Марино, што ќе ги зафати отпадните фекални води што се испуштаат во одводниот канал.

Според зборовите на градоначалникот Александар Георгиевски, кој на самото место се запозна со текот на градежните активности, на колекторскиот систем ќе можат да се приклучат околу 1.130 домаќинства.

-Инвестирањето во комуналната инфраструктура е од големо значење за локалниот економски развој, како и унапредувањето и заштитата на животната средина со што се овозможува подобрување на квалитетот на живеењето во општина Илинден. Токму затоа изградбата на фекална канализација со пречистителни станици останува еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа, истакна градоначалникот Георгиевски.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

Мицкоски: На Врховен суд си ставија човек од кожната фотелја од...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос најавените протести доколку членовите на Судски совет на...