spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: После две децении, обезбедено комбе за транспорт на храна,...

Кисела Вода: После две децении, обезбедено комбе за транспорт на храна, нови постелнини, ТВ и играчки за децата од ЈДГ “Весели Цветови”

Обезбедено е комбе со кое ќе се врши доставата на храна за сите објекти на ЈДГ “Весели Цветови”.

Новото возило на кое се чекало околу две децении, е по сите стандарди и ќе овозможи брза и навремена испорака на оброците на сите 970 дечиња сместени во градинките.

 

Покрај ова, обезбедени се и 180 нови постелнини, бидејќи досега користените не биле обновени околу 30 години. За радоста на децата да биде уште поголема, а условите за работа уште подобри, градоначалникот Ѓорѓиевски на градинката и’ донираше и играчки и два телевизори.

Сево ова доаѓа во пресрет на 77-годишнината од постоењето на ЈДГ “Весели Цветови”, која има шест објекти на цела територија на општина Кисела Вода.

– Со директорката на градинката имав состанок веднаш по преземањето на мандатот и со задоволство можам да кажам дека за само три месеци, успеавме во намерата да им се подобрат условите на дечињата кои денот го поминуваат во оваа градинка. Оброците често доцнеа бидејќи возилото со кое се разнесуваа од централната кујна беше многу старо и целосно амортизирано, па обезбедивме комбе, вредно 23 000 евра кое целосно ги исполнува пропишаните стандарди за транспорт на храна. Интервенираме и во делот на внатрешно опремување на градинката со 180 постелнини, бидејќи никој во овие 30 години не ги обновил, а се користат за мали деца, и секако, нешто на што дечињата најмногу се радуваат, нови играчки и телевизори кои ќе им ги исполнат и разубават деновите. Градинката “Весели Цветови” деновиве одбележува 77 годишно постоење и драго ми е што оваа 78-ма година ја отпочнуваме и со проширен капацитет во еден од нејзините објекти. Имено, во објектот “Синоличка” обезбедивме простор за уште 25 дечиња, што многу значи во поглед на релаксирање на листите за чекање и за капацитетите на постојните градинки. Сепак, ова е само мал чекор во однос на она што следува во претстојниот период во сферата на отворање на нови градинки и унапредување на условите за работа во останатите постоечки објекти-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски при посетата на објектот Мимоза при ЈДГ “Весели Цветови”.

 

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

МОН: Јаневска се сретна со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

0
За продлабочување на соработката во областа на образованието и науката помеѓу Македонија и Романија преку нови заеднички иницијативи за поврзување на образовни установи, размена...