spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Соработка со Горанското друштво

Кисела Вода: Соработка со Горанското друштво

Меморандум за соработка потпиша Општина Кисела Вода со Здружението на граѓани Горанско друштво. Воспоставување на проектна соработка за подобрување на квалитетот на живот, демократските вредности и развој на општината се главните постулати врз кои се темели потпишаниот документ.

 

Претставниците на Горанското друштво, предводени од претседателот Туркан Љокановци, на средбата дискутираа околу можните проекти во општината кои можат да допринесат за унапредување на соживотот и подигнувањето на демократските капацитети на локалната самоуправа.

Со секретарот на Општината, Мирко Ивановски, дефинираа повеќе сфери, каде може преку најразлични проекти да се продлабочи соработката. Двете страни заклучија дека заедничкото делување е значаен чекор во постигнувањето на просперитет на целата заедница.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

Прочитајте