spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Средба на градоначалникот Ѓорѓиевски со авторот на ,,Внимавај кој волк...

Кисела Вода: Средба на градоначалникот Ѓорѓиевски со авторот на ,,Внимавај кој волк го храниш”, д-р Кенан Црнкиќ

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски беше домаќин на д-р Кенан Црнкиќ, доктор по економски науки и професор на повеќе високо рангирани странски универзитети, писател и мотивациски говорник. На средбата се разговараше за актуелните економски случувања на Балканот и во светот.

 

Д-р Кенан Црнкиќ истакна дека ја следи работата на Општина Кисела Вода и ја поздрави различноста на градоначалникот Ѓорѓиевски во неговото делување. Истакна дека му е чест да се запознае со луѓе кои се поинакви и кои со различен пристап кон нештата ја менуваат својата заедница. Ја потенцираше одлучноста и решителноста како битна карактеристика неопходна за секој човек, а најмногу за лидерите, бидејќи, илустрираше со со цитати од неговата најнова книга ,,Внимавај кој волк го храниш”, нема ништо полошо од пропуштените прилики во животот, а за жал, најчесто се препознаваат откако ќе ги пропуштиме.

Примерок од оваа книга со мотивирачка порака, од авторот доби и градоначалникот Ѓорѓиевски.

Инаку, д-р.Црнкиќ, е во тридневна посета на нашата земја поради промоција на книгата ,,Внимавај кој волк го храниш”. Покрај оваа, тој е автор и на големите регионални бестселери за успехот ,,7 тајни на успехот” и ,,Надживејте го животот”.

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте