spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Обраќање на министерот Тупанчески на настанот Изнаоѓање на модалитети за...

МП: Обраќање на министерот Тупанчески на настанот Изнаоѓање на модалитети за натамошното спроведување на проектот „Изработка на Граѓански законик на РСМ‘‘

Во Клубот на пратеници со свое поздравно обраќање министерот за правда, д-р Никола Тупанчески го отвори настанот- Изнаоѓање на модалитети за натамошното спроведување на проектот „Изработка на Граѓански законик на Република Северна Македонија”.

Министерот Тупанчески на самиот почеток истакна дека целта на подготовка на Граѓанскиот законик е преку сеопфатно регулирање на сите позначајни граѓанско правни односи да се надминат постојните правни празнини и противречности во важечкото право кои создаваат проблеми во практиката. 

Круцијално прашање од излагањето на министерот Тупанчески беше дали да се продолжи со процесот на кодификација онака како што бил замислен со Одлуката од 2011 година, или да се прифати пристапот утврден со Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година, односно прво да се работи на подготовка и усвојување на посебни законски решенија, а потоа откако сите предуслови ќе бидат исполнети истите да се спојат во еден Граѓански законик.

За финализирање на веќе започнатиот долгогодишен проект министерот Тупанчески изрази подготвеност за заедничка дискусија и ги повика присутните на настанот (судии, професори, нотари, извршители, адвокати) како и практичарите, да дадат свои конструктивни мислења, ставови и идеи што ќе придонесат заеднички да се дефинират заклучоците и да се определи во која насока ќе се оди кон реализација на целта, односно завршување на проектот за реформа во граѓанско-правната област.

 

Извор: Министерство за правда 

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...