spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Околу 4 милиони денари ќе се исплатат на струмичките земјоделци за...

МЗШВ: Околу 4 милиони денари ќе се исплатат на струмичките земјоделци за штетите од елементарните непогоди во 2017 и 2018 година

Околу 450 земјоделци во Струмица ќе добијат обештетување за штетите предизвикани врз земјоделските посеви од елементарните непогоди во 2017 и 2018 година, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, во рамки на посетата.

 

Министерот Николовски посочи дека Владата донесе одлука за исплата на штетите од елементарни непогоди што ги претрпеа земјоделците во 2016, 2017 и 2018 година во 35 општини, вклучително и во Струмица. Висината на обештетувањето ќе биде 10 отсто од вкупно проценетата вредност. Вкупно во 35 –те општини ќе бидат обештетни над 9.100 земјоделци. За Струмица по овој основ ќе се исплатат околу 4 милиони денари.

 

„Ова беа постапки коишто беа заглавени низ административните лавиринти и законските процедури. Ние ги направивме сите напори да го одблокираме целиот процес, земјоделците да бидат обештетени и врз основа на многу анализи, проценки и врз основа на елаборатите од општините, Владата донесе одлука обештетувањето да биде 10% од проценетата штета. Меѓу овие општини е и елаборатот поднесен од општина Струмица. Во Струмица ќе бидат исплатени околу 450 баратели коишто имаат претпрено штети врз земјоделското производство од елементарните непогоди во 2017 и 2018 година, за што вкупно ќе се исплатат околу 4 милиони денари. Ова е дополнителна поддршка, со којашто  решаваме уште еден проблем и на секој можен начин гледаме што повеќе средства од буџетот да стигнат до граѓаните“, изјави министерот Николовски.

 

Дополнително, министерот Николовски посочи дека Владата донесе одлука и за исплата на обештетување за штетите од елементарни непогоди врз земјоделските посеви во 2021 година во општините Росоман, Демир Капија, Ранковце, Карбинци и Богаданци. Вкупниот процент за обештетување и за овие 5 општини е 10% од проценетата штета. Со одлуката ќе бидат исплатени 1.072  субјекти. Односно, вкупно за овие пет општини ќе се исплатат 41,2 милиони денари.

 

Согласно двете одлуки за штетите врз земјоделството од елементарните непогоди во 2016, 2017, 2018 и 2021 година ќе се исплатат 4,5 милиони евра.

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте