spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: 63 ученици од социјално загрозени семејства добиваат бесплатни стоматолошки услуги

Центар: 63 ученици од социјално загрозени семејства добиваат бесплатни стоматолошки услуги

Општина Центар во соработка со Стоматолошкиот факултет – Скопје овозможи бесплатни стоматолошки услуги за сите деца од сите осум основни училишта во општината кои спаѓаат во социјално ранливите категории.

„Преку оваа соработка, Општина Центар сака да им помогне на семејствата од социјален ризик обезбедувајќи бесплатни стоматолошки услуги за нивните деца. Одржувањето на оралното здравје е од суштинско значење за да се задржи правилното функционирање на организмот и севкупното здравје и квалитет на животот. Затоа, покрај поправката на запчињата, децата добија и совети за здрави навики и здрава исхрана, како и едукативни предавања за правилно четкање на забите со кои го победуваат стравот од одење на забар“, изјави Герасимовски.

На денешниот Светски ден на оралното здравје, Општина Центар информира дека за оваа услуга која дечињата ја добиваат на Стоматолошкиот факултет, Општина Центар издвои 50.000 денари, а факултетот на децата им подари пригодни подароци со прибор за редовно одржување на оралното здравје.

Покрај овој проект, Општина Центар обезбедува стоматолошки услуги и за сите други ученици од 1-во одделение од сите основни училишта, како и за децата од возрасните и средни групи во градинките.

 

 

 

Извор: Општина Центар 

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...