spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаЛевица – Битола: Локалната власт од СДСМ повеќе трошела на канцелариски материјали...

Левица – Битола: Локалната власт од СДСМ повеќе трошела на канцелариски материјали отколу на социјала

„Милионските суми кои се споменуваат во проценти се пари на граѓаните, ние им должиме објаснување како Совет од претходната гарнитура, како и од новата за понатамошна реализација.

Извршувањето на расходите на буџетската сметка во владеењето на СДСМ за сите програми од 2020 и 2021 година има реализација од 64%.

Ветувавте гасификација според примерот на струмичани, поставувавте цевки за секундарна мрежа, ветувавте нова противпожарна станица, ветувавте затворен базен, иако сеуште е отворен, ама под небото и облаците и дополнително претставува ризик за децата кои се движат во таа околина, снимавте пресови за детското одморалиште, ветувавте затворени депонии, велосипедски патеки, нови филтри на оџаците ви РЕК- Битола, а максималното достигнување е фамозниот мост во Буковски Ливади.

Во една целина, воопшто не е доволно пред граѓаните да се држите на фактот дека финансиската ситуација на буџетот сте ја оставиле во плус, тоа не е позитива за вас, напротив, тоа е спротивна ситуација. Според мене, ова се темели на два факти, едни ја оставиле со долг поради злоупотреба на граѓански пари, а другите ја оставиле во плус одредена сума поради неажурното користење на средствата.

Битолчани секогаш се наоѓаат пред свршен чин , особено манипулирани и излажани од политичките естрадни уметници кои пропагираат само политички рекламен материјал, закотвени во длабоките фотељи. Се доведуваат во ситуација за неверување во општинската дејност која е далеку од граѓанска иницијатива.

Доколку се направи анализа на целиот материјал до денес и изминатиов период, ќе се констатира заклучок дека повеќе се обрнува внимание на канцелариски материјали, инфраструктурен развој, урбанистички пренаменувања, локални патишта и канализациони мрежи, отколку на социјала. Под социјала се подразбира секој граѓанин на Битола кој живее во ова тешко општество и кој ја полни буџетската каса За вие како власти да ги ставате во шах-мат позиција.

Граѓаните да беа во шах позиција ќе се надеваа и на пиунот, ама поради тоа што се во мат позиција немаат доверба ниту во кралот.

Како заклучок, сакам да издвојам дека, грото од граѓаните не познаваат жаргони како четврти квартал или завршна сметка, измена за дополнување на економски развој, заклучоци или изменување на статут и донесување на правилник. Народот го интересираат дела, социјала и егзистенција како најпогодена граѓанска дејност за опстанок во ова тешко време.“

Излагање за време на седница на нашиот член во Совет на Општина Битола, Горан Велевски

 

 

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте