Електронската идентификација, дигиталните алатки и процеси, беа во фокусот на средбата меѓу министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и Горан Анастасовски, генерален директор на КИБС АД Скопје.
Средбата е остварена во рамки на силните заложби за континуирана дигитална трансформација на општеството, за што свој придонес имаат и домашните компании.
Соговорниците се согласија дека користењето на услугите како што се електронска идентификација, електронски печати, квалификувани временски жигови и електронски потписи, носат бенефити за компаниите и граѓаните. Во исто време процесот е безбеден во согласност со европските стандарди.
Дигиталните технологии ја овозможуваат трансформацијата на општеството и се одлика на современото живеење, а со самото тоа се обезбедува поквалитетен живот.