Зголемување на платите во Министерството за Одбрана и Армијата на Република Македонија како и почитување на правната регулатива во делот на исплатата на додатоците и надоместоците на плата, потребата од донесување на посебен закон за вработените во МО, решавање на статусот на ПФВ и односите помеѓу социјалните партнери СОБ и МО, беа дел од прашањата на Синдикатот на Одбраната и Безбедноста за кои се разговараше на средбата со Министерката Г-ѓа Славјанка Петровска на ден 28.02.2022 година.
1. Главно прашање на оваа средба беше скалестото усогласување на платите на вработените во Министерството за Одбрана и Армијата на Република Македонија со новата вредност на минималната плата. Претставниците на СОБ ја истакна потребата од итно усогласување и корекција на платите на вработените во МО и АРМ, особено што со веќе донесеното законско решение за зголемување на минималната плата се врши т.н. урамниловка на платите на вработените во МО и АРМ. Оваа урамниловка ќе доведе до тоа да сите Подофицери и ПФВ, Цивилните лица и Административните службеници во МО заклучно со Вишо образование, ќе имаат иста основна плата.
Министерката Петровска посочи дека ги прифаќа аргументите на СОБ и изрази уверување дека прашањето за покачување на платите во МО и АРМ ќе биде разгледувано на седница на владата на РМ и дека ќе биде дел од сеопфатното решение за сите вработени во јавниот сектор, бидејќи стандардот на работниците во безбедносните структури се приоритет на Владата.
2. Во делот на исплатата на надоместоците, од страна на СОБ беше истакнато дека сеуште постојат определени структури од АРМ кои не се опфатени со Правилникот за дополнителни бодови за единиците од особено значење во АРМ.
Во однос на оваа тема, министерката Петровска искажа разбирање за овој проблем и истакна дека во крајна фаза е донесување на Уредба за утврдување на посебните специјалности од особено значење за АРМ со која ќе бидат опфатени сите вработени за кои се однесува законското решение.
3. Во однос на нерешениот статус на ПФВ по навршување на 45 години возраст, од стана на СОБ беше истакнато дека досегашното решавање на статусот на ПФВ не е на задоволително ниво, притоа укажувајќи дека не се почитува законското решение за префрлање на ПФВ во другите државни институции како што се МВР, затворската и судската полиција и сл.
Од страна на МО беше истакнато дека во постапка пред Собранието на РМ е измена на Законот за служба во АРМ, со која покрај другите мерки е предвидено и исплаќање на определени парични средства во вид на опремнина за ПФВ (1.000 евра за секоја помината година на служба во АРМ) како дел од пакетот на мерки со кои ќе се решава статусот на ПФВ.
4. СОБ искажа задоволство од позитивниот приод на предложеното законско решение за донесување на посебен закон за вработените во Министерството за Одбрана, укажувајки дека повеќе од 15 години СОБ бараше од сите досегашни министри за Одбрана да се изврши изземање на вработените во МО од законите за јавната администрација и решавање на нивниот статус по урнекот на МВР.
На крајот, двете страни истакнаа дека Социјалниот дијалог и социјалното партнерство мора да постојат и најбитните прашања вклучително и прашањето за покачување на платите во МО и АРМ ќе се решаваат заедно во најбрз можен рок.