Екипи на ЈП Паркови и зеленило работат на хортикултурно уредување и формирање зелен коридор на улицата Лазар Личеноски во непосредна близина на ЈП Водовод и канализација на површина од 310 квадратни метри. Се обработува површината и се нанесува плодна почва, по што ќе се постави систем за наводнување и подигне тревник.
Хортикултурно се уредува и јавната површина која се наоѓа на крстосницата меѓу улицата Бутелска и улицата Призренска, спроти црквата Св. Јован. Вкупната површина изнесува околу 790 квадратни метри. Интервенцијата се одвива етапно со отстранување на шутот и прекопување на старата почва, нанесување на квалитетна нова почва, поставување на систем за наводнување, садење вегетација и формирање тревник.
На јавните површини што се уредуваат планирано е засадување зимзелени, листопадни садници и грмушки, а изборот е направен на видови кои покажуваат солидни резултати на дадената површина и функционално се приспособени во просторот.
Извор: Град Скопје