Во рамките на просториите на Општина Илинден вчера е отворена канцеларија на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Скопје. На отворањето присуствуваа градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Скопје, Лиридон Бафтији.
Градоначалникот Георгиевски, изјави дека со отворањето на канцеларијата ќе им се олесни пристапот на граѓаните од општина Илинден, за прием, администрирање и обработка на барањата за остварување на правата од социјалната заштита и барањата за остварување на правата од детската заштита.
Канцеларијата ќе работи секој работен ден, во период од 08:30 до 13:00 часот.
Извор: Општина Илинден