spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Можност за инвестиции во клучни области предвидени со Планот за забрзан...

МФ: Можност за инвестиции во клучни области предвидени со Планот за забрзан економски раст

Можностите за инвестиции во значајни крупни проекти во земјава беа разгледани на состанокот што го одржаа министерот за финансии, Фатмир Бесими и генералниот директор на Фондот за развој на Абу Даби, Мохамед Саиф Ал Суади како и директорот за инвестиции во Фондот, Рашед Алкаби. Иако беше планирано да се одржи во Дубаи, сепак состанокот се реализираше онлајн, согласно антикризните мерки за кратење на трошоците во услови на криза.

 

Министерот Бесими го презентираше Планот за забрзан економски раст со кој, како што рече, се предвидува зголемување на јавните и приватните инвестиции во голем број приоритетни области, како што се дигитализација, зелена агенда, човечки капитал, иновации и технолошки развој и физичка инфраструктура. Планот за забрзување на растот ќе игра клучна улога во поттикнувањето на работните места и растот на економијата на Северна Македонија.

„Министерството за финансии и Владата имаат амбициозна но остварлива цел да го поддржат економското закрепнување и забрзаниот раст. Заложбите се насочени кон постигнување двојно повисоки стапки на економски раст, чии придобивки ќе ги почувствуваат голем број граѓани и од кои корист ќе имаат и сегашните и идните генерации“, истакна министерот.

Од Фондот за развој на Абу Даби изразија интерес за вклученост во финансирањето проекти, особено во делот на земјоделството и туризмот. Двете земји имаат потенцијал за интензивирање на соработката, особено во областа на земјоделството, туризмот, инвестициите, енергетиката, градежништвото и слично.

Фондот за развој на Абу Даби, како еден од позначајните инвестициски фондови во светски рамки, финансира стратешки развојни проекти преку обезбедување заеми на владите на земјите во развој, помагајќи им да ги постигнат своите развојни цели и приоритети. Нивниот капитал за инвестиции се проценува на повеќе милијарди долари. Повеќето проекти се фокусираат на сектори од областа на транспортот, домувањето, земјоделството, енергијата, водите и индустријата заедно со социјалните услуги, образованието и здравството. Покрај тоа, Фондот има директни инвестиции во различни компании и приватни портфолија во партнерство со јавниот и приватниот сектор, поседувајќи акции што се движат од целосна или делумна сопственост. Учествува и со индиректни инвестиции на пазарите на капитал преку депозити и обврзници.

 

 

 

 

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...