spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Заменикот министер Бајдевски учесник во панел дискусија за дигитализација на...

МИОА: Заменикот министер Бајдевски учесник во панел дискусија за дигитализација на општините на конференција “Еу за општините”

Заменикот министер за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски вчера учествуваше во панел дискусијата за дигитализација на општините во рамки на конференцијата „ЕУ за општините“. Покрај Бајдевски, учесници во панел дискусијата беа и Стефен Худолин, шеф за соработка при делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Горан Милевски, министер за локална самоуправа, Билал Касами, градоначалник на општина Тетово и Алин – Адриан Ница, претседател на Советот на округот Тимиш, Романија.

Бајдевски зборуваше за достигнувањата во областа на дигитализацијата при што се задржа на тековните проекти во министерството, како Националниот портал за електронски услуги, платформата за интероперабилност и Централниот регистар на население.

Тој, исто така, информираше дека во тек е проектот „ИПА 2017: Enhancing eGovernment”, со кој е предвидено да се развијат 135 нови електронски услуги за граѓаните и компаниите, а со кој веќе е изработена алатка за дигитализација на регистри.

 

„Во моментот во развој се 43 услуги и истите се очекува да се публикуваат на порталот во периодот јуни-септември 2022. Во рамки на овој проект исто така, се развива Регистар на регистри, во кој ќе се чуваат податоци за регистрите на сите државни институции, независно од тоа дали се дигитализирани или не. Се набавува и опрема за 11 комуникациски клиенти со кои на платформата за интероперабилност ќе се поврзат 11 нови институции.”, истакна Бајдевски.

Заменикот министер се осврна и на важноста на дигитализацијата во локалната самоуправа, но и важноста на истата за граѓаните.

„Процесот на дигитализација на услугите за општините е комплексен, заради надлежностите на сите нас, чинителите во него, а пред се на Министерството за локална самоуправа, општините и ЗЕЛС. Ние, како министерство, сметаме дека за услугите од Единиците на локална самоуправа, треба да се користи порталот, регистарот на население, платформата за интероперабилност, системи кои се веќе направени и се одржуваат од страна на МИОА. На овој начин од една страна се постигнува економично и ефикасно работење, а од друга страна порталот овозможува унифицирање на сите услуги, без разлика од која општина се испорачани и граѓаните од едно место пристапуваат до услугите, без при тоа да знаат дали ги добиваат од централната или локалната власт.”, додаде тој.

На крајот од своето излагање, изрази надеж дека во периодот кој престои, Единиците на Локалната Самоуправа, Министерството за локална самоуправа и Заедницата на Единиците за локална самоуправа (ЗЕЛС), ќе го забрзаат процесот на дигитализација на општините, а Министерството за информатичко општество и администрација со својата експертиза и системи, во рамки на своите надлежности, е тука да го поддржи целиот овој процес.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте