Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, завчера во Брисел учествуваше на средба со Групата „Пријатели на Република Северна Македонија” во Европскиот Парламент.
Османи за време на средбата се осврне на актуелниот момент во односите меѓу Европската Унија и Република Северна Македонија и изрази благодарност за поддршката и конструктивниот пристап на Европскиот парламент во процесот на пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија, рефлектирана преку бројните иницијативи, како и во резолуциите за нашата земја.
Групата „Пријатели на Република Северна Македонија“ е неформална група составена од пратеници во ЕП од различна политичка провиниенција, која е замислена како своевиден форум на обезбедување поддршка на Република Северна Македонија во нејзините европски аспирации и цврста потпора на нашиот европски пат. Претседател на оваа група е европратеничката од Словенија, Ирена Јовева.
Извор: Министерство за надворешни работи