Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, завчера заедно со Постојаниот координатор на ОН во Република Северна Македонија, Росана Дуџак го одржаа вториот состанок на Заеднички управен комитет за спроведување на Рамката за соработка за одржлив развој на Обединетите нации и националните институции за 2022 година.
Целта на состанокот беше разгледување на националните приоритети во доменот на одржливиот развој, при што беше одобрен Заедничкиот работен план за 2022 година за спроведување на Рамката за соработка на ОН за 2021-2025.
Заедничката работа меѓу агенциите на ОН и Владата на Република Северна Македонија во 2021 година резултираше со 6.800 нови работни места за младите луѓе. Воспоставени се нови здравствени услуги за луѓето во руралните области, достапност на македонскиот јазик за странците особено за барателите на азил и бегалците, прогласување на Шар Планина за нов национален парк во земјата, зајакнување на капацитетите на државната администрација на теми од областа на ЕУ и приближување на законодавството за поддршка на ЕУ, како и развивање на Национална стратегија за развој која ќе ја постави долгорочната развојна визија на земјата.
Министерот Османи на состанокот истакнаа дека со имплементацијата на Рамката за соработка за одржлив развој, сакаме да постигнеме видлива и одржлива промена за сите наши граѓани, што ќе резултира во подобра правна рамка, поефикасни и по одоговорни институции.
Постојаниот координатор на ОН, Дуџак порача дека усвојувањето на Заедничкиот работен план за 2022 од страна на Заедничкиот управен одбор е исклучително важна алатка што ја операционализира Рамката за соработка, нагласувајќи го фокусот кон транспарентно, одговорно работење насочено кон резултати, во вистинскиот дух на партнерството и во согласност со реформите на развојниот систем на Обединетите нации.
Во дискусијата околу модалитетите за најсоодветно искористување на поддршката што Република Северна Македонија ја добива од системот на ОН, а во насока на реализирање на развојните приоритети, учествуваат и министерот за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, како и заменик министерот за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска, во својство на членови на Комитетот.