spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Министерот Тупанчески оствари работна средба со Директорот на Државниот завод за...

МП: Министерот Тупанчески оствари работна средба со Директорот на Државниот завод за статистика, Симовски

Директорот Симовски извести дека во тек е процесот на изготвување на Програмата за статистички истражувања за периодот од 2023 – 2027. Заради поефективно идентификување на потребите од дополнителни или нови статистички податоци што може да влијаат на концепцијата и на содржинското обликување на Програмата, соговорниците се согласија дека преку заедничката соработка ќе се придонесе кон градење на поефективен систем на прибирање и обработка на статистичките податоци.

Министерот истакна дека статистичките податоци даваат солидна основа за создавање временски серии со чија анализа се овозможува квалитетно согледување и оцена на факторите и посочи дека Министерството за правда ќе продолжи и во иднина да дава неизмерна поддршка на работата на Државниот завод за статистика.

 

 

 

 

Извор: Министерство за правда 

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...