На средбата соговорниците разговараа за тековните и планираните реформски процеси во правосудството, поддршката која Министерството ја дава на судството и јавното обвинителство преку обезбедување на оптимални услови на работа, со акцентирање на реализацијата на Акцискиот план од Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022.
Во однос на владеењето на правото министерот ги презентираше и идните постапувања на Министерството за правда најавувајќи ја подготовката на нова Стратегија за реформа во правосудниот сектор (2023-2027).
Делегацијата на ЕУ предводена од заменик – шеф Џулијан Васало ги поздрави реформските чекори и ја истакна максималната поддршка за евроинтеграцискиот процес, продолжување на соработката и обезбедување помош за спроведување на клучната реформска агенда.
Извор: Министерство за правда