spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Поддршката од Европската унија е значајна за модернизација на инфраструктурата во...

МТВ: Поддршката од Европската унија е значајна за модернизација на инфраструктурата во земјава

Поддршката што ја добиваме од Европската Унија за инфраструктурните проекти е многу важна за развој на домашната економија, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој вчера оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир.

Министерот Бочварски го запозна амбасадорот Гир со реализацијата на капиталните проекти што се финансираат со поддршка на Европските фондови, а пособен фокус ставија на изградбата на железничката пруга кон Република Бугарија.

Изградбата на пругата има регионално значење заради завршување на Паневропскиот Коридор 8 и од тие причини сме силно посветени заедно со колегите од Бугарија на неговото завршување, потенцираше министерот Бочварски.

“Поддршката од нашите ЕУ партнери е многу значајна за развој на нашата земја. Средствата што ги добиваме преку ИПА компонентите ефикасно ги користиме за модернизација на инфраструктурата. Соработката што ја имаме е на одлично ниво. Остануваме фокусирани на реализација на нашите проекти и покрај големите предизвици со кои се соочуваме.” – изјави министерот Бочварски.

Министерството за транспорт и врски останува посветено на реализација на инфраструктурните проекти заради подобро регионално поврзување и интегрирање во системот на транспортни коридори на Европската Унија.

 

 

 

 

Извор: Министерство за транспорт и врски 

Прочитајте

МЈА: Министерот Минчев оствари средба со Амбасадорката на Германија во Република...

0
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со Амбасадорката на Германија во Република Македонија, Н.Е. Петра Дрекслер. Фокусот на средбата беше можноста за унапредување...