spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: СООПШТЕНИЕ за јавна расправа по однос на Нацрт-Планот за управување со...

МЖСПП: СООПШТЕНИЕ за јавна расправа по однос на Нацрт-Планот за управување со Заштитен предел „Осоговски Планини“

Врз основа на Закон за заштита на природата и Закон за животната средина, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) во соработка со Јавно претпријатие „Национални шуми“, Ве поканува на јавна расправа по однос на Нацрт-Планот за управување со Заштитен предел (ЗП ) „Осоговски Планини“ за периодот 2022 – 2031 година и на јавната расправа по Нацрт-Извештајот за стратегиска оцена врз животната средина за Нацрт-Планот за управување со ЗП „Осоговски Планини“ за периодот 2022 -2031.

МЖСПП и ЈП „Национални шуми“ ја известуваат заинтересираната јавност дека двете јавни расправи заради состојбата со COVID 19 во државата ќе се одржат он-лине на ЗООМ платформата на 12 април 2022 год(вторник) и тоа:

Јавната расправа по Нацрт-План за управување со ЗП „Осоговски Планини“ за периодот 2022 – 2031 година ќе се одржи со почеток во 9: 00 на следниот линк:

https://us02web.zoom.us/j/87234707749?pwd=TkxhdWxJMFBkbktQa3Y4S0k1cFgxQT09

Meeting ID: 872 3470 7749

Passcode: 771027

Агенда за јавна расправа од 9:00

Јавната расправа по Нацрт извештајот за стратегиска оцена врз животната   средина за Нацрт планот ќе се одржи со почеток во 12:00 на следниот линк:

https://us02web.zoom.us/j/87234707749?pwd=TkxhdWxJMFBkbktQa3Y4S0k1cFgxQT09

Meeting ID: 872 3470 7749
Passcode: 771027

Агенда за јавна расправа од 12:00

Нацрт план за управување со ЗП „Осоговски Планини“ за периодот 2022 – 2031 е достапен за увид на Web страната на МЖСПП на следниот линк: https://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2015/01/Nacrt-Plan-za-upravuvanje-ZP-Osogovski-Planini_24.01.2022.pdf

Нацрт план за управување со ЗП „Осоговски Планини“ за периодот 2022 – 2031 заедно со Нацрт извештајот за стратегиска оцена врз животната средина за Нацрт Планот е достапен за увид на Web страната на ЈП Национални Шуми на следниотлинк: http://www.mkdsumi.com.mk/aktuelnosti.php?a=216&page=8

Вашите забелешкиили предлози може да ги доставите на јавните расправи или најдоцна 10 дена од одржувањето на истите на следните контакти адреси:

ЈП „Национални шуми“   komunikacii@mkdsumi.com.mk

Булевар „Св. Климент Охридски“, Скопје (Европски универзитет) и копија до

 

Министерство за животна средина и просторно планирање, infoeko@moepp.gov.mk  плоштад Пресвета Богородица бр.3, 1000 Скопје.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...