Градоначалникот Борче Митевски беше во посета на белгијската компанијата Slabinck, која е лоцирана во Мултифункционалната зона Ќојлија. Семејниот бизнис Слабинк има силна репутација. Повеќе од два века, семејството ја негува својата љубов кон металот. Слабинк НВ е специјализирана за набавка на лист материјал и производи за компании за обработка на метали и лимови.
Од 2019 година Слабинк НВ во Бриж и Скопје (Ќојлија) е во целосна сопственост на Лук и неговиот син Ентони Слабинк. Во моментов во оваа компанија во Мултифункционалната зона Ќојлија има вработено околу осумдесетина лица со тенденција за зголемување на овој број. И покрај тоа што Македонија но и светот поминуваат низ тешка здравствена и економска криза, Општина Петровец успешно работи на полето на привлекување нови инвеститори, меѓу кои е и гореспоменатата компанија. Целта на ваквите ангажмани на Општина Петровец е отварање на нови работни места со солидни примањата за вработените кои ќе решат тука да си ја најдат својата егзистенција.
Извор: Општина Петровец