spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАФПЗРР: Исплатени 455.166.587,00 денари субвенции за поледелски култури

АФПЗРР: Исплатени 455.166.587,00 денари субвенции за поледелски култури

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска исплати 455.166.587 денари на сметките на 24.753 корисници.

Директорот на АФПЗРР Никица Бачовски појаснува дека се работи за исплата на мерката за директни плаќања по обработлива површина со поледелски култури, освен тутунот.
Исплатени се сите корисници кои ги исполниле условите и се стекнале со право за користење на финансиска подддршка од Мерка 1.1 која ги поддржува следните култури : пченица, јачмен, пченка, ‘рж , овес, ориз, тритикале, хељда, сирак, просо, хмељ, лен, леќа, кикирики, соја, сончоглед, маслодајна репка, добиточна репка ,афион, шекерна репка, памук, анасон, фацелија, граор, еспарзета, добиточен грашак, наут(слануток) и луцерка – информира Бачовски.

Исплатата на директните плаќања за обработливи површини со поледелски култури доаѓа во екот на пролетната сеидба, односно во периодот кога се најпотребни за земјоделците.
Агенцијата за финансиска поддршка продолжува со своите активности за обезбедување на финансиска поддршка за земјоделците со неселективна исплата на субвенциите која се одвива согласно динамиката на обработка на пристигнатите апликации од страна на службите при Агенцијата.

 

 

 

 

 

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој 

Прочитајте