Пензионерскиот синдикат на Македонија дава целосна и безрезервна поддршка на
гранските синдикати при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС
во пресрет на претстојниот протест кој ќе се одржи на 30 март.
Немањето на слух од страна на Владата и неисполнувањето на законските обврски коишто им следуваат на работниците се една голема причина поради којашто нашите братски
синдикати се принудени да го изразат својот револт на улица.
Иако решението на проблемот е едноставно, а тоа е да се зголеми бодот на вработените, Владата не најде за сходно да им излезе во пресрет на вработените од јавната
администрација.
Проблемот со несогласувањето на платите мора да се реши еднаш засекогаш, бидејќи не
можат вработените коишто имаат повисок коефициент на сложеност на работното место да земаат иста плата со оние чиј што коефициент е понизок, иако ниедно работно место не
е за занемарување, со оглед на тоа дека сите играат важна улога во институциите.
Ваквите плати предизвикуваат социјални пензии коишто денес во РМ се најчести.
Уште еднаш нагласуваме дека силно и недвосмислено го поддржуваме протестот на братските синдикати и изразуваме надеж дека ќе се исполнат нивните барања.