Драго ни е што годинава во рамките на Интернационалниот Биатлон форум – Скопје 2022, „Родовата еднаквост на жената во спортот – можности и предизвици“, Агенција за млади и спорт учествуваше на панелот „Уривање на стереотипите во спортот, професијата, родовата еднаквост“.
Агенција за млади и спорт е целосно посветена на родовата еднаквост, целосна поддршка на жените во спортот и рушење на стереотипите!
40% жени се опфатени со добивање стипендии за спортска надеж!
34% од вкупно доделени спортски ваучери за активни спортисти од индивидуални спортови се жени.
Се стремиме кон целосна рамноправност и еднаквост во сите процеси при носење одлуки, како и во примената на родово одговорно буџетирање!
На раководни позиции во потесното раководство на федерациите, застапеноста на жените е висока
На чело на 6 Федерации се жени.
Можеме и подобро и токму во таа насока, целиме кон еднаква застапеност на жената во сите органи на управување, финансирање проекти и федерации за поддршка за учество како тренери, судии како и креатори на работата на органите и телата во клубовите федерациите и националните асоцијации.
Извор: Агенција за млади и спорт