spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАПЈ: Потврдена заложбата за подобрување на состојбата со примената на службените јазици...

АПЈ: Потврдена заложбата за подобрување на состојбата со примената на службените јазици на Клиниката за пулмологија и алергологија

Директорот на АПЈ, Илбер Села,  оствари работна посета на ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија каде што се сретна со директорите на клиниката проф. д-р Дејан Докиќ и г. Суат Шаќири.
Целта на посетата беше да се согледа состојбата околу примената на Законот за употреба на јазиците во функционирањето на Клиниката.
Директорот Села истакна дека му е задоволство што менаџментот на Клиниката демонстрира отвореност за соработка со АПЈ во интерес на имплементација на законските одредби за што се преземени и активности за промена на таблите, службениот печат, штембилите, меморандумот на службените акти на клиниката итн.
Воедно, достави и публикации во издание на АПЈ, и изрази отвореност за соработка околу превод и лекторирање општи акти, потврди, обрасци што ги изготвува Клиниката.
Двете страни ги реафирмираа своите заложби за понатамошна соработка во интерес на пациентите како крајни корисници на здравствените услуги.

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...