spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: По три децении нова водоводна мрежа на улиците “Церска” и...

Кисела Вода: По три децении нова водоводна мрежа на улиците “Церска” и “Христо Узунов”

Голем, триесетгодишен проблем на жителите на Црниче започна да се решава денес. Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, заедно со градоначалничката на Град Скопје и директорот на ЈП Водовод и канализација, Златко Перински, присуствуваа на отпочнување на градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа на улиците “Церска” и “Христо Узунов”.

 

– Со реализацијата на овој проект се отстранува постоечката салонитна мрежа на која се јавуваат голем број дефекти заради нејзината дотраеност која е поставена пред повеќе од три децении и била наменета за мал број објекти, а денеска не ги задоволува потребите на постојната состојба. За жал, досега не биле преземени активности за реконструкција и проширување на хидротехничката инфраструктура согласно развојот што го овозможува деталниот урбанистички план за овој локалитет со што ЈП Водовод и Канализација овозможува подобро водоснабдување на жителите во овој дел од градот – изјави Арсовска.

-Денешниов настан претставува реализација на едно големо ветување до жителите на урбаната заедница Црниче. За помалку од два месеца, ќе добијат целосно реконструирана водоводна мрежа на улиците “Церска” и “Христо Узунов”, како и нејзино поврзување кон улицата Востаничка, со што се обезбедува циркулационен прстен за поквалитетно водоснабдување за жителите долж оваа траса. Воедно, Општина Кисела Вода ќе се погрижи жителите на овој дел на градот, покрај тоа што ќе добијат непречено снабдување со вода, без досегашните проблеми, да имаат и реконструирани улици што уште повеќе ќе го подобрат квалитетот на живеење.

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

Прочитајте

МЕТ: Дурмиши – Исплатена финансиска поддршка на организации на потрошувачи, фондации,...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска додели финансиски средства на организациите на потрошувачи за спроведување на Програмата за заштита на потрошувачите, Програмата...